28.8 C
Skopje
Thursday, August 5, 2021

Сега можете да ги погледнете сите податоци што Facebook ги собрал за вас од другите веб-сајтови

Најчитани вести

После многу одолговлекување, од Facebook ќе објава алатка што ќе им овозможи на корисниците да видат кои податоци од нивните интернет пребарувања ѝ се достапни на компанијата и тоа од веб-сајтови за купување, па сè до пребарувања на порно сајтовите.

Facebook ги собира вашите податоци на два начини – прво преку информациите што ги споделувате на платформата и нејзините апликации, но и преку пребарувањата што ги правите дури и кога не сте најавени на Facebook.

Токму поради ова на вашата почетна страница на Facebook се појавуваат реклами од нешта што сте ги пребарале. Но сè досега, корисниците немаа можност да видат кои нивни податоци ги има компанијата.

Оваа опција е наречена Off-Facebook Activity и конечно ја нуди алатката ветена уште пред една година – „бришење“ на вашата онлајн историја.

sega-mozhete-da-gi-videte-site-podatoci-shto-facebook-gi-sobral-za-vas-od-drugite-veb-sajtovi-02.jpg

Новата опција ќе ви прикаже листа со веб-сајтовите што биле поврзани со Facebook и ќе ви овозможи да ја тргнете историјата на пребарувања од вашиот профил.

Ќе можете да одберете и кои веб-сајтови да престанат да испраќаат ваши податоци до Facebook. Важно е да се напомене дека речиси третина од сите веб-сајтови се поврзани со вашиот Facebook профил. Опцијата можете да ја најдете во Settings.

Сепак, ниту најавата на Facebook ниту скриншотовите од опцијата не го содржат зборот „delete“ (избриши).

Ова значи дека вашите пребарувања не се избришани, туку само се тргнати од Facebook профилот. Односно, компанијата сè уште ги има вашите податоци, но сега ќе бидат анонимни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести