11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Северна Македонија протера уште пет руски дипломати

Најчитани вести

Министерството за надворешни работи прогласило уште пет дипломати на руската амбасада во Скопје за непожелни. Од почетокот на војната во Украина, Русија ја прогласи Северна Македонија за непријателска држава

Уште пет руски дипломати кои, според македонското МНР, извршувале активности спротивни на Виенската конвенција се прогласени за непожелни во земјата, соопшти министерството за надворешни работи. Одлуката му била соопштена на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Скопје и му била врачена дипломатска нота со која петмина вработени во Амбасадата на Русија се прогласени за персона нон грата.

МНР тврди дека наведените дипломати извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.

Минатата година прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата, едниот во мај, а вториот во август, и ги протера од Северна Македонија. И во двата случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва.
Откако Северна Македонија се приклучи кон санкции на ЕУ кон Русија поради агресијата врз Украина, Москва ја прогласи земјата за „непријателска држава“ во март годинава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com