14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во источен правец

Најчитани вести

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во источен правец, соопшти во средата јужнокорејскиот воен штаб, јавуваат медиумите во светот.

Анализираат дека Пјонгјанг лансираше повеќе од десет пробни ракети од почетокот на годината, а интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ) во март, за прв пат од 2017 година.

Според написите, севернокорејскиот режим има најавено дека ќе продолжи да го развива својот нуклеарен арсенал, игнорирајќи ги повиците на САД за дијалог.

Пробното лансирање, како што е наведено во написите, доаѓа неколку дена пред 10 мај, кога новиот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол ќе ја преземе функцијата, најавувајќи поостар став кон Северна Кореја, пренесува Хина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com