14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Северна Кореја: Извршена е проба на ракетниот систем, не на ракетите

Најчитани вести

Северна Кореја соопшти дека нејзиниот лидер, Ким Џонг-ун го надгледувал првото пробно лансирање на новиот повеќенаменски ракетен систем, пренесе „АП“.

Ова го објавила севернокорејската агенција „КЦНА“, иако јужнокорејската војска соопшти дека од Северна Кореја биле лансирани две балистички ракети со краток домет.

„КЦНА“ пренесе дека Ким изразил задоволство од пробното лансирање и рекол оти најновиот ракетен систем ќе има главна улога во воени операции.

Севернокорејската агенција не спомена ниту една земја како потенцијална мета, но се претпоставува дека се однесува на Сеул кој е во домет на оружјето, пренесоа светските агенции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com