24.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Северна Ирска ги легализираше абортусот и истополовите бракови

Најчитани вести

Правото на абортус и истополови бракови се легализирани денес во Северна Ирска по одлуката на парламентот во Лондон каде се донесуваат одлуки за таа британска провинција, бидејќи извршната власт во Белфаст не заседава веќе три години.

Северна Ирска е единствениот дел на Обединетото Кралство каде што не беа дозволени истополови бракови, за разлика од Англија, Шкотска и Велс, законите во регионот исто така забранувале абортус, освен во случаи кога е загрозен животот на мајката. Во остатокот од Велика Британија, правото на абортус е остварен во 1967 година.

Лишени од извршна власт од јануари 2017 година по избувнувањето на политичко-финансискиот скандал, институциите на Северна Ирска се парализирани, што пратениците во Вестминстер го искористија и во јули изгласаа амандмани за да го прошират правото на абортус и да овозможат склопување на истополови бракови доколку до понеделник 21 октомври не се оформи никаква локална влада.

Овие промени стапија на сила на полноќ во Белфаст.

Регулативите во врска со истополовите партнерства ќе бидат готови до 31 јануари, а првите граѓански истополови бракови би требало да започнат да се склопуваат најдоцна до 14 февруари 2020 година, Денот на вљубените, рече Џулијан Смит, британски државен министер надлежен за Северна Ирска.

Досегашните закони беа на сила благодарение на конзервативците во обете религиозни заедници на Северна Ирска – на протестантската која се залага за останување во Велика Британија и католичката која се залага за обединување со Република Ирска.

За да изразат спротивставување на промената на законот, северноирските пратеници се собраа на расправа во Законодавното собрание, но се работи за симболичен гест затоа што без поддршка од повеќе партии до вчера не можеа да бидат избрани премиер и вицепремиер, па не можеше да биде блокиран ниту законот изгласан и усвоен во Лондон.

Лидерката на ултраконзервативната Демократска унионистичка партија (ДУП), Арлен Фостер рече дека „денес е тажен ден“.

Триста демонстранти, поддржувачи на забраната за абортус, излегоа пред парламентот да ја осудат „недемократската и погрешна одлука“ на Лондон, а кои се „гласот на најранливите – неродените деца во нашето општество“, но исто така и активисти за право на избор кои скандираа: „Сакаме право на избор, и тоа веднаш!“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести