15.8 C
Skopje
Monday, September 20, 2021

Северина со спот посветен на синот Александар: „Rođeno mojе“

Најчитани вести

Поп-ѕвездата Северина го објави спотот за новата песна „Rođeno moje“, која ја посвети на својот син Александар. Оваа песна и пред нејзината премиера беше прогласена за најемотивна и најубава балада до сега од тимот кој што работи со пејачката.

– Ова е голема убава песна во која може да се пронајде секој родител и секој човек. Кога ми ја испрати Милош во мене се случи ерупција и одма заминав да ја снимам. Пораката на песната е „безусловна љубов“ – изјавила Северина.

Песната ќе биде промовирана за време на регионалната турнеја најавена како најспектакуларна досега и наречена „Магична турнеја“.

Северина (47) од Белград ја почна промоцијата на својата нова регионална турнеја.

До почеток на најголемата и најспектакуларна турнеја на Севе досега, остана малку повеќе од еден месец. Дури 100 души се вклучени во организацијата за да овозможат ноќ за паметење во секој град од турнејата.

Едно од највпечатливите моменти на концертот ќе бидат танцувачките кореографии во кои учествуваат танцувачи од целиот регион, избрани по пат на аудиција, на која се пријавиле над 100 кандидати. На вежбите учествува и поп-ѕвездата, како и на минатата турнеја ‘Dobrodošao u klub’ . Северина тогаш доби одлични критики за своите танцувачки способности.

На сцената во рамките на турнејата ќе бидат и 15 музичари и симфониски оркестар, со најнова видео продукција и костимографија, што ќе претставува уметност на повеќе нивоа. Турнејата започнува на 16 ноември во родниот град на Северина- Сплит, па продолжува во Белград на 23 ноември, во Загреб- на 7 декември, и во Љубљана на 21 декември.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com