3 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Северина: Син ми бил заклучен и физички злоставуван во училиштето

Најчитани вести

Пејачката Северина Којиќ на прес-конференција изнесе тешки обвиненија на сметка на училиштето во кое учи нејзиниот син. Таа тврди дека учителките го злоставувале.

„Учителките на мојот сопруг Игор не му дале да го земе детето од училиште, туку син ми го заклучиле и физички го злоставувале. Добивам заканувачки мејлови од мојот бивш сопруг Милан, а учителките син ми го влечеле за рамената и за стомакот. Син ми сакал да дојде кај Игор, ама не му дозволиле. Тоа се случува бидејќи таткото на детето рече дека ќе ми го одземе синот. Милан наводно ја платил кампањата на Бандиќ, а училиштето во кое се случи сè, е под градска управа. Чувствувам дека е нешто труло во Хрватска“, со овие зборови Северина го започна своето обраќање на прес-конференцијата, пишуваат хрватските медиуми.

Како што вели таа, овие информации морала јавно да ги сподели.

„Јас сум единствената мајка која не смее на својот инстаграм-профил да објавува слики од сопствениот син зашто мојот бивш сопруг го решил тоа на сомнителни начини“, тврди Северина.

Од училиштето се воздржуваат од секакви коментари поради детето, бидејќи сметаат дека тоа заслужува да има спокојно, односно мирно детство, откриваат хрватските медиуми./slobodenpecat.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести