За тие две години колку што им траеше врската, харизматичната Северина ниту еднаш не направила некој проблем, некоја скандалозна сцена како што умее, поради кои кај Славко би предизвикала болна љубомора. Или не дај Боже нивни расправии. Бидејќи ако се налути Северина, тогаш најдобро не и излегувај пред очите во наредните три дена
Токму така, испливаа, но не преку морските бранови, туку по пат на Интернет и социјалните мрежи некои поранешни летни фотографии на мегапопуларната пејачка Северина. На тие слики таа е на плажа во костумот за капење, но и во едно кафуле во Дубровник, со својата велат, најголема љубов Славко Шајиновиќ. Нејзиниот поранешен официјален свршеник.
По професија Славко е човек од угостителскиот бизнис, и доаѓа од истарскиот град Ријека. Изворите блиски до ова лесно вљублива пејачка, која место не ја држи, велат, дека таа само нему му била најверна. За тие две години колку што им траеше врската, харизматичната Северина ниту еднаш не направила некој проблем, некоја скандалозна сцена како што умее, поради кои кај Славко би предизвикала болна љубомора. Или не дај Боже нивни расправии. Бидејќи ако се налути Северина, тогаш најдобро не и излегувај пред очите во наредните три дена.
–
Додека траеше убаво им беше, а Северина на Славко брзо му раскина од како се запозна со српскиот богаташ, крал на бакарот милионерот Милан Поповиќ. Со Милан, а тоа и врпаците го знаат, има син за чие старателство после разводот Северина мораше да се докажува по судовите. На крај изгуби се, а го изгуби и старателството, па малиот Александар долго време остана со татко му во Белград.
Затоа Северина за себе вели, дека приватно не е ни најмалку среќна личност и покрај тоа што има многу пари, финансиска иднина за која не мора да се грижи. Но нема никаква среќа во љубов. Секој маж и е голем малер!
–
Затоа и не случајно често им се враќа на старите љубови, особено сега на угостителот Славко. За него има најдобро мислење, а и најубави спомени. Не, не беше вљубена во неговите пари, ги има своите и тоа многу, туку со Славко најслатко и одеше муабетот. А, им одеа и други некои работи, нели?!
Единствено останува нејасно дали и Славко со радост се сеќава на тие свршенички денови со Северина или едноставно ја избришал од својот живот. Времето ќе покаже, а гарант ќе кажат и оние кои другаруваа со нив.