11.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Северина направи драстична промена во изгледот

Најчитани вести

Северина во сабота со настапот во Словенија ќе ја заврши својата турнеја „Magic Tour“. Досега настапи во родниот Сплит, Белград и Загреб.

На наведените настапи во сите градови имаше исти креации, ги менуваше точно на одредени песни, но бојата беше иста. Сега таа на друштвените мрежи објави фотографија на која позира во розов комплет и штикли, но и со долга розова брановидна коса.

Не се знае дали е во прашање перика или Северина се одлучила малку да го промени изгледот и смеѓата коса да ја замени со розова. Некои ја фалеле за промената, а некои сметале дека такви „силни“ бои не се прикладни за жена која наскоро ќе наполни 50 години.

Инаку, во последно време најмногу се пишува, и во фокус е приватниот живот на хрватската пејачка, па така таа информираше дека поднесе две жалби на пресудата на општинскиот граѓански суд кој на познатата пејачка и го одзеде синот и одреди момчето да живее со неговиот татко.

Адвокатите веќе поднесоа жалба за одредувањето на привремената мера да бизнисменот Милан Поповиќ не смее да го донесе детето во Хрватска бидејќи од Северина поранешниот сопруг побара таа да му го даде хрватскиот пасош на детето.

Хрватскиот портал „Јутарни“ дознава дека во својата жалба Северина на дваесетина страници се образложува зошто таа смета дека треба да се укине оваа мерка на судот.

Меѓу другото таа пишува дека судот воопшто не треба да одлучува со кого ќе живее детето, а притоа не го земале во обѕир дека детето има право да знае каде ќе живее, да го запознае со семејството кое треба да му биде дом и да постапи според конвенцијата на ОН за правата на децата. Детето мора да се праша за мислење и да биде запознаен со сите прашања кои влијаат на неговиот приватен живот.

Адвокатите сметаат дека донесената пресуда не била според човековите права и истата била непристрасна.

До одлуката на повисокиот суд во Хрватска Северина ќе мора да ја почитува оваа одлука да детето живее со таткото.

Инаку пејачката наведува и дека судот мора да го праша детето со кого сака да живее и е убедена дека неговиот одговор ќе биде во нејзина корист.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com