Познатата хрватска пејачката Северина е во голема неволја. Според
српски „Курир“ таа има кредит во банка со рата во износ од 2.000 евра и
повеќе не може да плаќа.
Таа ја прекина соработката со поранешниот менаџер, па има и помалку настапи.
Северина го зела кредитот за снимање на новиот албум, но сега не може да ги врати тие пари, а ратата не ѝ е платена 3 месеци.
Кредитот го подигнала пред осум месеци, на износ 100.000 евра, а како гаранција го оставила својот стан.
Пријателите на Северина веруваат дека таа ќе успее да ги реши долговите, бидејќи ова не е првпат таа да биде во ваква неприлика./brif.mk