Осудениот бизнисмен Сеад Кочан утрово не дојде во затворот во Идризово.
Од судот потврдуваат дека тој утрово го примил решението со кое се упатува на издржување на затворска казна.
Според неофицијални информации Кочан се наоѓа на лекување во приватна болница.
По ова, доколку кочан не се јави итно во затвор, судијата за извршување на санкции ќе треба да испрати во МВР наредба за стражарно приведување на осудениот бизнисмен.
Законот не предвидува време до кога осудениот може доброволно да се јави во затвор по добиеното решение, но од судот појаснуваат дека доколку тоа не се случи во најкус можен рок, ќе мора да се донесе со полиција.