0 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

СДСМ: Mерките против загадувањето се на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ништо

Најчитани вести

Ниту една конкретна мерка не спроведе ВМРО-ДПМНЕ за 11 години за да обезбеди чист воздух и затоа денес опозициската партија нема никаков кредибилитет да зборува за мерките против аерозагадувањето, велат од СДСМ како реакција на пресот на Наум Стоилковски, кој обвини дека иако грејната сезона не е започната со сета сила, граѓаните веќе се гушат во смог.

Од таму велат дека за разлика од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, оваа инвестира во замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, подигнува нови зелени површини, субвенционира трошоци за замена на нееколошки возила и интензивно работи на гасификација.

„За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога проблемот со загаувањето беше игнориран, денес секојдневно се преземаат мерки на краток, среден и долг рок кои имаат за цел да обезбедат почист воздух и поздрава животна средина“, истакнуваат од владејачката партија и констатираат дека мерките против загадувањето се на прав пат.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести