9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

СДСМ: 1.100 стечајци ќе добиваат месечен финансиски надоместок, грижата за сите продолжува

Најчитани вести

Како одговорна партија во континуитет ги решаваме проблемите на граѓаните, го враќаме достоинството и градиме фер и праведно општество. Владата предводена од СДСМ ги усвои измените на законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„1.100 стечајци ќе се стекнат со право да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година. СДСМ во неколку наврати, од 2017 година, обезбеди финансиски месечен надоместок на невработените лица чиј работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците.

Бројот на лицата, со новите измени, кои ќе добијат материјален надоместок до вработување или до пензионирање ќе се зголеми на речиси 13.000.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги злоупотребуваше и игнорираше проблемите на стечајците, Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани. Исправаме неправда нанесена кон наши сограѓани, кои не по своја вина останале без работа и без месечен надоместок. Остануваме целосно посветени на креирање и реализација на мерки и политики, со кои обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и достоинствени услови за живот за сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести