Home » СДСМ ја повлекува кандидатурата за градоначалник на општина Маврово Ростуше

СДСМ ја повлекува кандидатурата за градоначалник на општина Маврово Ростуше

by Журнал.мк

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски денеска истакна дека СДСМ ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник на општина Маврово Ростуше откако, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ не собра храброст да излезе пред граѓаните на повторените локални избори кои треба да се одржат на 17 април.

„Знаат многу добро во ВМРО-ДПМНЕ дека ги чека пораз, знаат дека како градоначалник на чело на општината во изминатите години реализиравме бројни проекти во делот на локални патишта, паркинзи, водоводни и одводни мрежи, локални улици и слично. А можеби тие немаат ниту личност која би се нафатила да биде нивен кандидат. Ова почитувани сограѓани, е неодговорност на опозицијата кон општината и граѓаните на Маврово и Ростуше. Ним не им е важно општината да биде функционална со целосен капацитет и легитимитет. Се заблагодарувам на граѓаните на општина Маврово и Ростуше кои излегоа на минатите избори и го дадоа својот глас“, вели тој.

Куртовски се заблагодари на сите колициони партнери кои се потпишаа и застанаа зад неговата кандидатура.

„Исто така се заблагодарувам и на сите нашинци од дијаспората кои изразија подготвеност да дојдат и да гласаат на повторените локални избори. Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат. Јас како одговорен и совесен човек, но и СДСМ како државотворна и одговорна партија на кои на прво место ни се граѓаните донесовме одлука да ја повлечеме нашата кандидатура. Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни. Заедно со нашите граѓани, со дијаспората, го чекаме следниот термин за изборно соочување а дотогаш оставаме на Владата да назначи повереник до изборот на нов градоначалник. Во изминатите четири години покажавме како се работи чесно, одговорно и домаќински во интерес на сите наши сограѓани и затоа СДСМ во Маврово и Ростуше ќе биде победник кога ќе има со кого да се бориме и кога и да се случат локалните избори“, додава Куртовски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More