Home » СДСМ: Успешни енергетски политики, произведуваме 40% повеќе струја

СДСМ: Успешни енергетски политики, произведуваме 40% повеќе струја

by Журнал.мк

Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. И во време на светска енергетска криза, домашниот енергетски сектор работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво, велат од владејачката партија.

Од партијата додаваат дека АД ЕСМ, деновиве произвела најголемо дневно производство електрична енергија во последните 10 години.

„ Истата компанија на почетокот на оваа година произведе 40 отсто повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани, а дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година. Енергетскиот систем ги задоволува сите потреби за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, а истовремено цената на струјата е стабилна.

Со ова паднаа во вода апокалиптичните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да има доволно струја, дека ќе има рестрикции, дека цената на струјата драматично ќе скокне. Покрај постоечкиот се инвестира и во нови извори на електрична енергија. За само една година, во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори“ соопшти СДСМ.

Посочуваат дека дополнително се обезбедени 80 милиони евра, европска помош, како поддршка за ублажување на енергетската криза.

„ Како резултат на взаемната соработка се очекува забрзана енергетска транзиција кон одржлива климатски неутрална економија и енергетска сигурност. СДСМ како одговорна партија продолжува со инвестиции во енергетиката, гради ефикасен и одржлив енергетски сектор и ја намалува зависноста од увоз“ велат од СДСМ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk