-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

СДСМ: Тешко лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ чиј почесен претседател е осуденик во бегство, да зборува за правда

Најчитани вести

Од владејачката партија потенцираат дека нема поголемо лицемерие од тоа партија чиј почесен лидер е избеган криминалец, да зборува за криминал.

„ВМРО-ДПМНЕ е една од најкриминалните партии во Европа за чии функционери и имот се водат повеќе постапки, а сите политички постапки им се само за спас на криминалците во своите редови. Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите, законот важи за сите подеднакво, а секој што се огрешил пред законот ќе одговара“, пишува во соопштението од СДСМ.

По спроведените реформи, велат од оваа партија, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон.

„Судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е на браникот на криминалот, а СДСМ гради правна држава, во која законите важат еднакво за сите“, нагласуваат од СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com