3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

СДСМ: Со укинување на квотите за лекови може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои се препишани

Најчитани вести

Исполнето е уште едно ветување од изборната програма на СДСМ, реализирана е уште една клучна мерка од програмата за работа на Владата предводена од СДСМ, соопшти владејачката партија.

„Од 1 октомври, осигурениците можат да го подигнат соодветниот лек кој било ден од месецот во која било аптека. Нема повеќе паника и турканици на почеток на месец кај матичните лекари и во аптеките.

Исто така оваа мерка овозможува поволност, доколку осигуреникот не може сам да го подигне лекот, тогаш друго лице да го подигне во негово име и тоа лице се легитимира со сопствената лична карта или пасош.

На овој начин точно може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои се препишани.

СДСМ досега ги подобри условите во 10тина Јавно-здравствени установи, а следува подобрување на условите во други 34 Јавно-здравствени установи.

Се унапредува целиот здравствен систем, се подобруваат условите во Јавните здравствени установи, растат платите на медицинските работници, се унапредува грижата за пациентите.

Здравството е на прав пат, СДСМ преку реални и конкретни мерки продолжува со грижа за пациентите и унапредување на целиот здравствен систем“ велат од партијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com