-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

СДСМ Скопје: Со новите 110км велопатеки во Скопје, Арсовска може да оди на работа со точак од Ѓорче Петров до Центар

Најчитани вести

Данела Арсовска бесрамно лаже дека велосипедистите во Скопје не можат да се движат по велосипедските патеки и дека се тие попречени. Малиот број велосипедски патеки беа попречени за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје, а за време на СДСМ велосипедските патеки се ослободени од автомобили, обезбедени се со столпчиња, а мрежата на вело-патеки достигна 110 километри.

Ослободен е и градскиот кеј кој долги години беше затворен за велосипедисти. Изградена е велопатека од Ѓорче Петров до Маџари и на исток до Ново Лисиче и Пинтија. Изградени се 10 конектори, поставени се преку 100 паркинзи за велосипеди, направен е првиот Велоштад во Скопје, а изградени се и два памптрака.

Скопје е веќе меѓународно признаено како „Велоград“ и се посочува како позитивен пример на град на кој му завидуваат соседните градови, како што е Софија. Со пробивањето на велопатеката на „Партизански Одреди“ по улицата 4-јули во 2019-та, каде Арсовска пријавила живеалиште, таа сега за 25 минути може да стигне до Центар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com