9.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

СДСМ Скопје: Парите од продажбата на градската куќа се во буџетот на градот

Најчитани вести

„Независната“ кандидатка со кампања дебело финансирана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска продолжува во јавноста да шири неинформираност и непознавање на законите, мислејќи дека некој може да продаде јавен имот и парите да ги снема. Тоа можеби некогаш и можеше да се случи, кога владееше нејзиното ВМРО-ДПМНЕ.

Поминаа времињата кога ВМРО-ДПМНЕ градеше резиденции на градоначалникот на Плоштад Македонија. За разлика од нив, Шилегов нема намера да се пресели со семејството во Офицерски Дом, како што сакаше и планираше ВМРО-ДПМНЕ со Коце Трајановски, тоа да биде резиденцијата на градоначалникот.

Дента кога дознаваме дека нејзиниот ментор Никола Груевски правел барокен дворец со огромен балкон и базен на Водно, Арсовска ни држи предавања за скромност и одговорно управување со јавните финансии. Ова е лицемерие по учебник на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку за потсетување, градоначалникот Шилегов ја сопре изградбата на барокните фасади низ Скопје, кои што се реновираа по налог на неговиот претходник Коце Трајановски. За разлика од претходникот, Шилегов овие пари ги пренамени за реновирање на сите средни училиште во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ изгради лажни палати со парите на граѓаните за нивните функционери да работат во објекти по вкусот на нивниот „пастир“, кој крадеше не само од државата, туку и од сопствената партија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com