-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

СДСМ Скопје: Арсовска не знае ни колку би чинеле 250 автобуси што ги ветува

Најчитани вести

„Независната“ кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска, упорно не сака да и одговори на јавноста колку ќе чинат нејзините ветувања за бесплатен јавен превоз и 250 еко-автобуси.
На граѓаните веќе им е јасно дека Данела Арсовска нема конкретни одговори, затоа што нема конкретни проекти за бесплатен јавен превоз и 250 еко-автобуси.

Ајде Данела, осмели се, ако имаш конкретни проекти, презентирај ги пред граѓаните и новинарите. Да видиме колку чинат 250 автобуси како тој што го објави на твојата ФБ страница. Да видиме колку ќе чини „бесплатниот јавен превоз“ кој го ветуваш како „Милијардата на Циле“, прашуваат од градската организација на СДСМ.

За разлика од имагинарните ветувања на Арсовска, Град Скопје веќе има реален проект за брз автобуски превоз, со нова автобуска флота, две депоа, два коридора, нови автобуски станици и целокупен систем за поевтин, побрз и посигурен јавен превоз во Скопје – за кој веќе се обезбедени 70 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com