10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

СДСМ: Просечната нето плата е зголемена за 2.837 денари, целиме да достигне 500 евра

Најчитани вести

Според последните официјални податоци од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во октомври годинава изнесува 25.726 денари, што е за 3,7 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, информираат од владејачкиот СДСМ.

Оттука велат дека за последниве 2 години и 5 месеци просечната нето плата е зголемена за 2.837 денари.

„За споредба ВМРО-ДПМНЕ за 2 години и 5 месеци, од декември 2014-та до мај 2017-та година успеа да ја зголеми просечната плата за само 482 денари“, велат од СДСМ.

Додаваат дека со новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за оние кои ќе ја покачат платата до 6.000 денари, како и со предвиденото покачување на платите во образованието и здравството, очекувано е просечната плата да продолжи да расте.

„Целиме кон зголемување на просечната плата на 30.000 денари и тоа ќе се оствари. Ова го ветивме на почетокот на нашиот мандат, кој се скрати поради предвремените избори. Сепак, за 2,5 години направивме сериозен исчекор за зголемување на просечната плата на 500 евра. И така ќе продолжиме по 12 април“, велат од СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com