10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

СДСМ: Преполната сала на граѓанската трибина во Скопје покажа дека сме партија што обединува и води напред!

Најчитани вести

СДСМ изразува благодарност за големата поддршката од граѓаните, од членовите и симпатизерите на вчерашната трибина во преполната сала „Борис Трајковски” во Скопје.

Масовната посетеност докажа дека СДСМ е партија што ги обединува граѓаните и води напред. Над 10.000 граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати вчера испратија силна порака дека државата е на прав пат и треба да продолжи по вистинскиот пат.

Граѓаните ги препознаа вредностите, ги чувствуваат придобивките од успешните политики и даваат поддршка на концептот што води напред кон повисок животен стандард, кон повисоки плати и пензии, кон интеграција во ЕУ и НАТО.

На 12 април уште еднаш ќе потврдат дека тоа е вистинската опција, се друго е враќање назад во темнина, изолација и неизвесност.

Заедно со граѓаните продолжуваме по вистинскиот, правиот пат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com