23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

СДСМ: Првите внатрепартиски избори се нов демократски исчекор

Најчитани вести

Првите внатрепартиски избори се нов демократски исчекор, СДСМ испиша историја, велат од партијата.

„За првпат во независноста за првпат во плурализмот, токму членовите на СДСМ испишаа историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија. СДСМ ги одржа првите непосредни, внатрепартиски избори целосно почитувајќи ги мерките и протоколите за заштита од коронавирусот. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена. СДСМ е на врвот во внатрепартиска демократија во државата, но и многу пошироко“, пишува во соопштението.

Членовите на СДСМ го изгласаа Зоран Заев за лидер на партијата, а тој беше единствен кандидат.

„Членовите одлучија, претседател е Зоран Заев кој ќе понуди нова политика, нов современ, модерен динамичен СДСМ кој уште повеќе посветено ќе работи за граѓаните и за државата. СДСМ и членовите потврдија дека е прва партија во реформите, вомодернизирањето и унапредувањето на севкупните демократските процеси. СДСМ ја подигна својата внатрепартиска демократија на највисоко ниво. СДСМ победува но и постојано се менува. Затоа расте довербата во јавноста, затоа што граѓаните знаат дека напредокот, интеграцијата се возможни само со СДСМ. Заедно со граѓаните продолжуваме по патот што заедно го чекориме. Станавме полноправна членка на НАТО Алијансата, се движиме кон полноправно членство и во ЕУ. Продолжуваме да ја градиме нашата татковина во дом за сите граѓани, просперитетна и европска земја“, соопштија од СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести