16.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од патните трошоци, а платите да ги вратат на граѓаните

Најчитани вести

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираат и бојкотираат Собранието, кои не работат ништо, не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Како што се наведува, со оглед дека не ги извршуваат своите задачи за кои се платени и ја попречуваат работата на целото Собрание, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да се откажат од платите, дневниците, патните трошоци, службените телефони и овие пари да ги вратат на граѓаните, затоа што во вакви околности сето тоа не треба да им следува.

„Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се 40.000 евра народни пари за еден месец само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа само за основните плати. Дополнително, пари од граѓаните добиваат и за дневници, за патни трошоци, за службени телефони. Кога се одлучиле наместо на граѓаните, да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нека бараат плати за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните и државата“, велат од СДСМ.

Во партиското соопштение се оценува дека оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најнеодговорна и најдеструктивна пратеничка група во Собранието.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com