-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

СДСМ: Потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, ништо нема да ги спаси од сигурен пораз на изборите

Најчитани вести

Се урна уште една конструкција на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови вртеа една иста лага во обид да ја манипулираат јавноста за наводни коруптивни скандали поврзани со градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски.

Во недостиг на идеи, проекти и програми за Скопје и за скопјани, во Белата палата измислуваат лажни вести и шират дезинформации.

Може ВМРО-ДПМНЕ со фабрикувани и нецелосни документи да поднесува неосновани кривични пријави, да се обидува да врши притисок врз обвинителството, но ништо нема да го спаси од сигурен пораз на претстојните избори.

Граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела, кои повторно, седми пат по ред ќе бидат поразени на 17 октомври.

Прес служба на СДСМ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com