-9 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

СДСМ: Последните случувања покажаа дека независен судски систем и неселективна правда се возможни во нашата земја

Најчитани вести

Државата за само 2 години успеа да изгради институции и да создаде систем кои се борат против корупцијата и криминалот. Со последните случувања се покажува дека независен судски систем и неселективна правда се возможни во нашата земја. Сите се еднакви пред законите.

„Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена. Единствено, Христијан Мицкоски е против правдата. Со неуспешно алиби Мицкоски е во нов обид да се блокира напредокот на земјата. Единствената работа за која се грижи е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи со или без него. СДСМ ќе направи сè, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, соопшти владејачката партија.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести