20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

СДСМ: Пописот е патриотски чин, секој граѓанин да даде придонес во развојот на својата татковина

Најчитани вести

„Најсложената статистичка операција – пописот на населението и домаќинствата во државата ќе се спроведе по речиси две децении, согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации и со почитување на протоколите за заштита на здравјето на граѓаните.с

Институциитеќе дејствуваат согласно препораките на стручните лица од Комисијата за заразни болести.

Пописот, што ќе се одржува наредниот месец, е патриотски чин“, велат од СДСМ.

„Со учество во пописот секој граѓанин дава придонес во развојот на својата татковина, на своето населено место.

Од друга страна, повикот на бојкот е неодговорно однесување и ја води државата во ситуација кога развојот не може да се планира на факти, туку на претпоставки.

Пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата, за граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки“, соопштува СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести