Владата предводена од СДСМ внимателно ја следи состојбата во Украина. Агресијата врз Украина е закана за европскиот и светскиот мир, но и за глобалната економија. Во таа насока Владата предводена од СДСМ ги следи и промените на економските текови и последиците од новонастанатата ситуација, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
„Институциите, државата се подготвени да одговорат на сите нови предизвици во делот на економијата и енергетиката, со цел да се заштити домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.
Како одговорна партија, преку институциите што ги предводиме ќе сториме се, последиците од конфликтот во Украина врз домашната економија да бидат што помали и што послаби.
И во време на глобални безбедносни, економски и здравствени кризи, остануваме посветени на заштита на економскиот стандард на граѓаните и унапредување на домашната економија“, соопшти СДСМ.