24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

СДСМ: Носиме решенија за енергетската криза и го штитиме стандардот на граѓаните

Најчитани вести

Владата предводена од СДСМ и институциите преземааат сериозни чекори за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. АД ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и Топлана „Скопје Север” со што ќе се реши кризата со топлинската енергија, а скопјани ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ, соопшти СДСМ.

„Претходно се преземени решенија со кои се искористија сите расположливи домашни капацитети за производство на електрична енергија. АД ЕСМ во моментот покрива 100% од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.
Преземен е и првиот чекор за заштита на економскиот стандард на граѓаните од покачените цени на енергенсите. Со 60 милиони денари ќе се субвенционираат месечните трошоци за струја на 7.500 домаќинства.
Владата во моментот интензивно работи на нови мерки што ќе значат директна финансиска поддршка за граѓаните и стопанството за справување со последиците од повисоката цена на струја.
Ова е одговорно и домаќинско управување на институциите од страна на СДСМ која секогаш работи за граѓаните.
Од друга страна јавноста сведочи на деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.
СДСМ и понатаму продолжува посветено и одговорно да ги решава сите предизвици и да го заштитува стандардот на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com