7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

СДСМ: Нови 1,1 милијарда денари, владата на Ковачевски обезбеди парно за граѓаните на Скопје

Најчитани вести

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје, истакнуваат во соопштението од СДСМ.

Донесена е одлука, како што појаснуваат од таму, за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Северна Македонија“, согласно одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Според партијата на власт, граѓаните на Скопје да бидат спокојни, испораката на топлинска енергија во претстојната сезона нема да биде доведена во прашање.

„Преку преземените мерки Владата предводена од СДСМ и Ковачевски обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите“, се додава во напишаното од страна на оваа партија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести