4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

СДСМ: Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов

Најчитани вести

Не успеа планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов. Не успеа ниту планот на опозициската партија да ги спаси криминалците од своите редови.

ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година па досега тврдеше дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на постоечки член.

Законодавно-правната комисија го потврди тоа што СДСМ со години го тврди, дека членот 11 на кој тој ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем.

Вчера на седницата на Законодавно-правната комисија без збор, без дискусија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа дека не постои таков член односно дека Иванов надвор од законот аболицирал врз основа на непостоечки член.

Сега е тоа официјален собраниски документ кој потврди дека помилувањата на Иванов се незаконски и со тоа ништовни

Ниту тогаш ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна.

СДСМ не дозволи да оживее незаконската аболиција на Ѓорге Иванов. СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, одговорност за сите мора да има.

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com