18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

СДСМ: Не успеа блокадата, усвоен е дневниот ред, деструкциите на Мицкоски ќе бидат поразени

Најчитани вести

Христијан Мицкоски не се откажува од блокадите и деструкциите, се надева дека вештачки ќе создаде поличка криза и ќе придизвика штета врз граѓаните. Очигледно посакува земјата да не напредува, да не успее, да има проблеми. Дури и самиот Мицкоски вели дека процесот блокади и деструкции ќе биде долг, тој е среќен само тогаш. Но, и на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ треба да им е јасно дека нивните блокади нема да успеат, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека вчера во Собранието пропаднаа нивните блокади, дневниот ред се изгласа, седницата продолжува. Освен што ја одолговлекуваа работата и дискусијата за дневен ред траеше цели два дена, ништо друго не постигна ВМРО-ДПМНЕ. На ист начин ќе пропаднат и следните најавени нивни блокади.

СДСМ, со институциите, со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад, се вели во соопштението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com