15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

СДСМ: Не постои партиско вакцинирање, лажно монтирано писмо се шири на социјалните мрежи

Најчитани вести

Одредна фотомонтажа за наводен допис за вакцинирање на членови на СДСМ е груба невистина, лажна вест, целосна измислица со креирана графичка монтажа.

Целта е манипулација на граѓаните во услови на пандемија, вештачко создавање негативни емоции за да му наштети на угледот на СДСМ. Тоа како одговорна партија нема да го дозволиме. Следуваат и соодветни пријави до надлежните институции.

Вечерва оваа монтажа се шири на социјалните мрежи, Фејсбук и Твитер, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и ако забележат вакви или други случаи, што е кривично дело, лажно претставување, да се обратат до СДСМ преку официјалните канали, за да можеме соодветно да реагираме.

Не постои и нема да постои партиско вакцинирање. Тоа е само во главите и опасните умови на подрумите и Фејкњуз лабораториите кои имаат за цел да страда народот.

Тоа се истите што ширеа лажни вести за референдумот, за пописот, истите кои се во постојана координација со “радикалното” манипулаторско ткиво на структурите блиски до ВМРО-ДПМНЕ и до Левица!

Тоа за жал зборува многу повеќе за нив отколку за СДСМ која постојано се води и ќе се води единствено од интересите на граѓаните и државата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести