Home » СДСМ: Мицкоски ќе биде запаметен по тоа што ги рушеше националните позиции во однос на Бугарија

СДСМ: Мицкоски ќе биде запаметен по тоа што ги рушеше националните позиции во однос на Бугарија

by Журнал.мк

Христијан Мицкоски, со своите неодговорни и недржавнички постапки, ги поткопа, ги загрози националните позиции во однос на Бугарија, во клучни моменти, реагираат од партијата на власт.

„Државниот и национален интерес на граѓаните треба да биде заеднички именител на сите одговорни политичари и политички партии во македонското општество, но јавноста сведочи дека тоа не е Христијан Мицкоски. Тој учествувал на Конгрес на ЕПП на којшто е усвоена Резолуција којашто иако повикува на почеток на преговори со ЕУ во еден дел ги содржи ставовите на Бугарија, односно тврди дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.
Ова е во спротивност со Резолуцијата за македонските позиции и црвени линии, донесена во македонското Собрание и поддржана од сите партии“, стои во писмената реакција од страна на СДСМ.

И наместо да излезе пред граѓаните, како што додаваат од таму, да одговори зошто прифатил резолуција спротивна на македонската Резолуција, Мицкоски со денови молчи и се крие.

„Мицкоски ќе остане запаметен по тоа како ги рушеше државните позиции во однос на Бугарија и како ги предаде македонските национални интереси. Но ниту Мицкоски не може да го поништи тоа дека Република Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ а нивното незапочнување е само поради блокадите на Бугарија. Дури и со одлука на Европскиот совет е потврдено дека ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите. Тоа е факт признаен и потврден од сите“, е наведено во напишаното од страна на СДСМ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More