5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

СДСМ: Мицкоски по инструкции на Груевски не бара одговорност за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

„Бројни судски пресуди, како и признанија на поранешни високи партиски функционери се дел од доказите дека ВМРО-ДПМНЕ е партија заштитник на криминалот. За целиот овој криминал до денеска Христијан Мицкоски ниту еднаш се нема извинето, од никого не побарал оставка ниту пак одговорност. Напротив, под инструкции на Никола Груевски до денеска ги штити“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ оваа партија под целосна контрола го имаше судството и обвинителството а многумина високи партиски функционери важеа за недопирливи и над законите. За разлика од тоа време, денес законите важат за сите подеднакво, секој одговара пред законите, без разлика дали се наоаѓа или не на некоја државна функција, се вели понатаму во реакцијата на СДСМ.

Денес обвинителството и судството работат ефикасно, независно и неселективно во заштита на законите, ВМРО-ДПМНЕ работи единствено за заштита на криминалот, заклучува владејачката партија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com