СДСМ: Мицкоски побегна од лидерска средба, но од правдата нема да избега

0
1

Владејачкиот СДСМ денеска преку соопштение го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и раководството на партијата дека по секоја цена се обидуваат да ја попречат правдата.

„Единствената цел на Мицкоски е да го брани криминалот на неговиот ментор и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски. Со неприфаќањето на предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води Јавното обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само бараат алиби за неприфаќање на Предлог законот за Јавно обвинителство.

Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против владеење на правото, против правда и независен и неселективен судски систем. Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи, предлагаа спојување на СЈО во ОЈО. Во ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство немаше барање за прекин на мандатот на обвинителката Рускоска. ВМРО-ДПМНЕ немаа ништо против Рускоска, но откако увидоа дека институциите работат неселективно и по сите прописи, наеднаш тоа почна да им пречи“, пишува во соопштението.

Според партијата, Мицкоски не сака да продолжи правдата, му смета гонење на криминалот и затоа побегна од лидерска средба, но од правдата нема да избега.