27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

СДСМ: Мицкоски не одговори дали Камчев финансирал кампања на ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

Мицкоски не одговара на јавно поставено прашање дали Орце Камчев, тајкун од режимот и обвинет во предмети на СЈО, финансирал изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Нема одговор ниту од Игор Јанушев, потписник на сметката на партијата, изјави денеска портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.

„Но, видовме дека Орце Камчев рипна да го брани, но молкот на Мицкоски, Јанушев, молкот во ВМРО-ДПМНЕ зборува многу.

Да потсетиме, исто така молчеше и кога го прашувавме за неговите средби со Зоки Кичеец, еден од осомничените во случајот познат како ‘Рекет‘, за на крај да излезе и одговори дека всушност средба имало.

Останува прашањето што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот, во јавноста познат како ‘Рекет‘ и дали се тоа линковите со Орце Камчев или можеби неговата улога во овој случај“, рече Костадинов на прес-конференција.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести