26.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои работат против преговори со ЕУ

Најчитани вести

ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои се против ЕУ и НАТО, против сигурна и стабилна иднина на државата.

ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски не само што навиваат државата да не започне прегвори со ЕУ, туку и работат против напредокот, против реформите.

Целиот демократски свет го признава правиот пат на кој е државата, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана и се обидуваат да ја вратат државата назад во режим, изолација и неизвесност.

Колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ниту еден нивен обид нема да ја загрози иднината во ЕУ и НАТО. Северна Македонија е на прав пат, се остваруваат децениските стратешки интереси.

Скопје, 17 октомври 2019

СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести