9 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

СДСМ: Мицкоски да се извини за ширењето лажни вести

Најчитани вести

Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират секојдневно. Последната лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ, сценариото за јавната набавка за М-Нав вчера беше целосно разоткриена. По којзнае кој пат се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за лаги, конструкции и измислици, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Освен одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и ширење лажни вести, Мицкоски не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните и државата. Со таквото однесување, граѓаните го препознаваат Христијан Мицкоски како извор на лажни вести, а ВМРО-ДПМНЕ како извор на деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести