Според скандалозната изјава на Мицкоски, сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина тоа го направиле поради тоа што читале „статуси од Заев, од Ахмети, од Артан Груби, од Османи, Ковачевски, Пендаровски и „Слава Украини“, велат од СДСМ.
Додаваат дека до вчера Мицкоски велел дека е за заштита на територијалниот интегритет на Украина, за вечерва ги оправдува оние кои ја поддржуваат воената агресија врз Украина.
Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет Мицкоски го дели македонското општество, заклучуваат од СДСМ.