17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

СДСМ: Мицкоски во криза најавува нови блокади, СДСМ и граѓаните тоа нема да го дозволат

Најчитани вести

Во услови на најголемата криза кога на граѓаните им треба функционално Собрание кое носи закони во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски решава да ги засили блокадите. Очигледно решил по деструкција да го надмине и својот шеф и ментор Никола Груевски, реагираат од владејачкиот СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира голем број закони од интерес на граѓаните како што се Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата. Ништо друго не се ни очекуваше од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат во ист стил, со иста матрица, со една цел – блокада на државата“, се потенцира во писмената реакција од страна на партијата на власт.

Оценуваат дека со ваквите постапки Мицкоски не го блокира ниту СДСМ ниту Владата, туку на тој начин ги блокира решенијата за подобар живот за граѓаните.

СДСМ, како што се нагласува во напишаното, останува отворена за сите добронамерни и конструктивни предлози, но ги осудува, како што велат, сите обиди за блокади и вештачки кризи поради лични и партиски интереси, особено во време кога се води борба против последиците од кризата и за заштита на стандардот на граѓаните.

„СДСМ и граѓаните нема да дозволат блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ да наштетат на државата“, потенцираат од владејачката партија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com