Home » СДСМ: Мицкоски во заложништво на Апасиев стана феномен, се што ќе каже излегува обратно

СДСМ: Мицкоски во заложништво на Апасиев стана феномен, се што ќе каже излегува обратно

by Журнал.мк

Христијан Мицкоски, како политичар без став стана заложник на популистичката и потпалувачка реторика на Димитар Апасиев.

Ова заложништво на политичката сцена создава феномен – се што ќе каже Мицкоски излегува обратно.

Мицкоски во јануари тврдеше дека во февруари годинава Собранието ќе се распушти и ќе следуваат предвремени парламентарни избори во месец мај.

На истекот на февруари нема распуштање на Собранието, ниту предвремени избори, но има зголемено парламенарно мнозинство на СДСМ и коалицијата.

И тезите на Мицкоски за енергетската криза излегоа погрешни. Тврдеше Мицкоски дека нема да има доволно струја дека ќе има рестрикции, дека електричната енергија драматично ќе поскапи.

А излезе обратно, домашното производство на електрична енергија бележи рекорди и среде зима има извоз на електрична енергија. Цената на струјата за 72.000 компании е намалена за околу 20 отсто, а домаќинствата немаат зголемени сметки за електрична енергија.

Се што Мицкоски кажа – излажа, се што прогнозираше – излезе обратно, затоа неговите деструктивни политики одново се осудени на пропаст.

Со почит,

Скопје, 27 февруари

СДСМ

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk