Home » СДСМ: Ковачевски го предводи концептот за европска иднина, Мицкоски за враќање во изолација

СДСМ: Ковачевски го предводи концептот за европска иднина, Мицкоски за враќање во изолација

by Журнал.мк

СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски е предводник на конпцептот за Европска Македонија, наспроти кој стои концептот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело во Христијан Мицкоски, кој ја води државата во изолација и враќање назад во минатото.

Европскиот концепт, чиј предводник е СДСМ, значи заштита на македонската посебност и сигурна европска иднина, за подобар живот на сите граѓани.

Тоа значи заштитен идентитет и македонски јазик, што се потврдува со претстојното потпишување на договорот со Форнтекст кој ќе биде потпишан на македонски јазик, без фусноти, ѕвездички и објаснувања.

Одговорните и тешки одлуки на институциите предводени од СДСМ обезбедуваат европска иднина.

Спротивен концепт заговара опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Концептот на Христијан Мицкоски ја води земјата во изолација и враќање назад во минатото, да седи народот сам, раскаран со светот, со ЕУ.

Со одговорните и државнички политики на СДСМ и Ковачевски, државата до 2030 година може да стане полноправна членка на ЕУ.

Македонските граѓани заслужуваат гордо и со крената глава да станат дел од европското семејство, да имаат подобар европски животен стандард.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More