Home » СДСМ: Капитулација на Мицкоски, нема избори-има зголемено парламентарно мнозинство

СДСМ: Капитулација на Мицкоски, нема избори-има зголемено парламентарно мнозинство

by Журнал.мк

ВМРО-ДПМНЕ може да прогласи капиталуција на Христијан Мицкоски на тема предвремени избори.

Со гласање на 65 пратеници во Собранието се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство на СДСМ и коалицијата.

Пропаднаа сите лажни изјави на Христијан Мицкоски дека ќе има ново мнозинство, дека собранието ќе се распушти, дека владата само што не паднала.

Се покажа дека единствената тема за предвремени избори и зголемено парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ на која Христијан Мицкоски ја базираше својата политика во изминатите 2,5 години е всушност само борба за фотелја и ништо друго.

Сите блокади што ги правеше ВМРО – ДПМНЕ во собранието време на светска економска и енергетска криза, во време на пандемијата, хистеријата за наводна асимилација и бугаризација имаа за цел создавање тензии, дестабилизација, во желбата за власт, пари и тендери.

Блокадите и одолговлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ, ја покажува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, која е во целосно заложништво на Леница.

За нерзаумното одолговлекување на собраниските седници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден, среде криза, се трошат по 55.000 евра, пари на граѓаните.

Зголемено мнозинство обезбедува политичка стабилност, зголемена ефикасност на Собранието и побрзо носење на законите.

Тоа ќе придонесе за забрзана реализација на реформите во економијата, во судството и на патот на интеграцијата на државата во ЕУ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk