Home » СДСМ: Зголеменото мнозинство од 65 пратеници ги избра министрите, нов пораз на Мицкоски

СДСМ: Зголеменото мнозинство од 65 пратеници ги избра министрите, нов пораз на Мицкоски

by Журнал.мк

Нов дебакл доживеа заложникот на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски. Паднаа во вода сите негови лаги за ново парламентарно мнозинство, за распуштање на Собранието кон крајот на месец февруари и предвремени парламентарни избори во мај, соопшти СДСМ.

„ Синоќа, на 27ми февруари, новите министри во Владата беа изгласани со 65 пратеници За и без ниту еден глас против, што претставува зголемување на актуелното парламентарно мнозинство. 10 дена пратениците од ВМРО-ДПМНЕ преку долги и бесмислени дебати, каде зборуваа за се освен за она што е тема, се обидуваа да го пролонгираат изборот на новите министри.

10 дена пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеа изборот на министри и со тоа ја опструираа работата на одредени министерства, на штета на граѓаните, за на крајот, како и многу пати досега, кога дојде време за гласање тие не смогнаа сили ниту да гласаат против предлозите кои толку многу ги критикуваа. Зголеменото парламентарно мнозинство е нов пораз на дејствувањето на Мицкоски и ново разобличување на неговите лаги дека Собранието само што не се распуштило.

СДСМ преку зајакнатото парламентарно мнозинство продолжува со реализација на реформите, на мерките и политиките што се во интерес на државата и граѓаните“ се вели во партиското соопштение.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk