Home » СДСМ: ЕУ има јасна порака да се продолжи мандатот на судии и обвинители

СДСМ: ЕУ има јасна порака да се продолжи мандатот на судии и обвинители

by Журнал.мк

„Европската унија упати порака дека очекува поддршка од пратениците за Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите.Тоа го потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир во неговото вчерашно обраќање пред Мешовитиот парламентарен комитет – ЕУ во македонското Собрание кој наведе дека пензионирањето на голем број судии останува предизвик“, соопшти СДСМ.

Во партиското соопштение се наведува дека ЕУ очекува решение затоа што правото и владеењето на правото се значајни, не само за државата, туку и во однос на членството во Унијата.

„Ова предизвикува уште поголем очај кај ВМРО-ДПМНЕ, кој не бира средства во обидите да го блокира законот, со цел да ја попречи правдата, да го одбрани криминалот на своите сопартијци. Во својата жестока одбрана на криминалот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа инциденти на Комисијата за европски прашања. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е против функционален судски систем, но залудно, одговорност за секој криминал ќе има“, нагласува партијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More