3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

СДСМ го поддржа Дехари за Кичево, Јованоски не ја доби поддршката од Заев

Најчитани вести

Во вториот круг на изборите СДСМ во Кичево ќе даде поддршка на кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари а не за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јованоски кој води по првиот круг.

Заев најави поддршка и за Рамиз Мерко во Струга, за кого партискиот лидер Зоран Заев претходно изјавуваше дека се „изгореле“ што го поддржале на изборите во 2017.

„Во Струга даваме поддршка на Рамиз Мерко, во Кичево на Фатмир Дехари, во Гостивар на Невзат Бејта, во Чаир на Висар Ганиу и соодветно во другите општини. Исто како што ја очекуваме и ја добиваме поддршката од нашите коалициски партнери“, изјави Заев од Охрид.

На новинарско прашање зошто ќе го поддржат Мерко во Струга кога неодамна изјави дека е разочаран од него, Заев вели дека имало промена во работата, пренесува Радио Слободна Европа за која минатата година, Заев рече дека „се изгореле“ со поддршката на Мерко на локалните избори во 2017 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com