20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

СДСМ ги почнува подготовките за локалните избори, кандидатите ќе бидат познати до јуни

Најчитани вести

За три месеци ќе се бираат кандидати за градоначалници, а анкетите од граѓаните ќе покажат дали тие се задоволни или не од работата на актуелните – рече премиерот Заев кој лично ќе поддржел за реизбор некои од нив кои ги испорачале посакуваните резултати, а неприфатливо за него е со локалната трка да има и предвремени парламентарни избори. Ако се бира нова Влада, ќе има економска стагнација во државата, смета Заев.

– Исклучително задоволен сум од работата на градоначалниците на Валандово, Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, од новиот градоначалник на Штип, на Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше.-Не знам тоа кои тоа космонаути гледаат од месечината како тоа ќе се случува, но јас гледам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата. И да има, нема ништо да променат, може само да ги закочат развојните проекти,вели Зоран Заев – претседател на Влада.

Заев вели дека извршната власт е зајакната со ресорот на вицепремиерот Љупчо Николовски, кој според него дава резултати во борбата против криминалот и корупцијата. Тој рече дека Владата нема да се обесхрабри од последниот извештај за корупцијата на Транспаренси интернешнал, во кој Македонија е на 111то место и најниско рангирана од земјите од регионот.

-Ова што Љупчо Николовски го работи и тоа како може да биде од огромен придонес во успехот во севкупната борба против криминалот и корупцијата. Дефинитивно не можам да се согласам дека е уназадена државата во борбата против корупцијата и криминалот на целата оваа слобода, транспарентност, одговорност, во увидувањето на индиции за можен судир на интереси итн, да се вратиме во времето на режимот да видиме колкава била корупцијата? истакна Зоран Заев – претседател на Влада.

На прашањето дали самоиницијативно власта ќе го одложи пописот на неколку месеци, премиерот рече дека тоа не е прифатливо бидејќи следуваат летни месеци, па изборен период, што е дополнителна причина, како што вели, за пребројувањето да се спроведе спроред планот во април.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести