Home » СДСМ: Ги покачивме платите на наставниците за 21%, само преку социјален дијалог е можно решение

СДСМ: Ги покачивме платите на наставниците за 21%, само преку социјален дијалог е можно решение

by Журнал.мк

СДСМ изминатите неколку години и покрај здравствената, а потоа и економската криза, успеа значително да ги покачи платите, со што покажа дека го вреднува трудот на работниците. Платитие на наставниците во основното и во средното образование во три наврати се зголемени за вкупно 21 отсто во период од четири години, се вели во соопштението од СДСМ.

Од 2016 година платата на вработените во градинките се зголеми за повеќе од 16% што во просек значи покачување од 4.300 за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките.

Преку социјален дијалог, минималната плата беше зголемена за 100 отсто, од околу 9.000 на 18.000 денари.

Токму социјалниот дијалот меѓу репрезентативните синдикати и надлежните институции е единствено решение за штрајкот на СОНК.

Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери е преку континуиран дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус, се вели во соопштението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk