0 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

СДСМ ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за одбрана

Најчитани вести

Денеска во Собранието пред пратениците е Законот за одбрана. Важен, системски закон со кој се обезбедува прилагодување на НАТО стандардите. Законот за одбрана е последниот чекор во целосното прилагодување на законодавството со НАТО стандардите. Оттука, ги повикуваме сите пратеници, од сите политички партии, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој Закон, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

„Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ на дело да покаже дека навистина е за членство во НАТО. Пред граѓаните презедовме обврска да ја обезбедиме иднината преку членство во НАТО. Ова е значаен чекор кон таа цел и затоа неодговорно е сега некој да тера дневна партиска политика. НАТО е стратешка цел повеќе од 25 години и затоа да не дозволиме нашата домашна работа да остане недовршена заради лични и партиски калкулации. Уште еднаш апелираме до сите пратеници без разлика на тоа од која партија доаѓаат да гласаат за Законот за одбрана. На прав пат сме Република Северна Македонија – 30 земја членка на НАТО“, изјави Костадинов.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести